Алијанса за Албанците обвинува: Коалицијата ДУИ-ВМРО му дозволува екстра луксуз на градоначалникот на Чаир

Соработката ДУИ-ВМРО започна да се продлабочува и во локалната власт, и покрај нивната очигледна соработка на државно ниво. Дека овие две партии продолжуваат да се фаворизираат меѓусебно како потенцијални партнери за изборите на 12 април, јасно се гледа од сличните ставови и меѓусебната поддршка кога станува збор за донесување на одлуки, соопшти Алијансата за Албанците.

Според партијата на Зијадин Села, така се случило и денеска во Чаир, каде членовите на ДУИ, ВМРО и СДСМ гласале за годишниот буџет на Општина Чаир.

„Советниците на Алијансата за Албанците во Чаир реагираа на одлуката затоа што не е можно да се одобри буџет без да се анализира каде треба да одат тие пари. Денес Општината Чаир работеше против своите граѓани, без да им даде можност да се изразат каде, како и во кои проекти треба да се распределат парите.

Со донесување на оваа одлука, буџетот на општина Чаир му дава на градоначалникот 5.000 евра повеќе, односно 10.000 илјада евра за дозволени трошоци. Ова значи намалување на буџетот од сегашните барања на граѓаните да му дадат на градоначалникот поголем луксуз”, се вели во партиското соопштение.

Од Алијансата додаваат дека прелиминарната анализа што треба да се направи за да се донесат вакви одлуки, од особено значење за самите жители, јасно покажува дека нема транспарентност на општината во обврските кон нејзините жители.

Покрај оваа одлука, ДУИ со помош на ВМРО го направила изборот за претседател на Советот на Општината.

 

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе