Алијанса за Албанците обвинува: ДУИ именува Македонци во агенцијата за спроведување на албанскиот јазик

Алијансата за Албанците денеска преку соопштение обвини дека застапеноста на Албанците продолжува да биде запоставена дури и во институциите што се раководени од Албанците. 

„Агенцијата за спроведување на законот е новоосновано тело кое го надгледува спроведувањето на законот за употреба на јазиците, што беше донесен од страна на пратениците во Собранието. Оваа институција има обврска да го контролира спроведувањето на Законот за употреба на јазиците, и албанскиот јазик како втор најзборуван јазик на државно ниво. Затоа, Алијанса за Албанците смета дека во оваа институција мнозинството вработени треба да бидат Албанци.

Се поставува прашањето како кадарот на ДУИ преку вработување на други националности ќе го контролира спроведувањето на Законот за употреба на албанскиот јазик, кога на клучните раководни позиции се вработуваат Македонци.

На конкурсот за вработување број 242/2019 за вкупно 5 работни места, вработени се тројца од македонска националност, еден Албанец и еден Ром. Државен советник за лекторирање - од македонска националност, државен советник за владина соработка и односи со јавност - од македонска националност, раководител на одделот за соработка со Владата на Република Северна Македонија, Сектор за поддршка на директорот - македонска националност, раководител на одделот за лекторирање, Сектор за превод и лекторирање - Албанец, соработник за мониторинг, промовирање и заштита на употребата на јазикот, Сектор за планирање, координација и развој - од ромска националност”, се наведува во соопштението.

 

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе