Алијанса за Албанците обвинува: ДУИ ги злоупотребува институциите за вработување и кампања

Практиката за предизборни вработување стана навика на политичките партии, кои ја искористуваат власта до последниот ден за купување гласови, обвинува Алијанса за Албанците во денешното соопштение.

„Алијанса за Албанците остро реагира на злоупотребата на работната сила и ги повикуваме надлежните органи, односно Антикорупциската комисија, да преземе конкретни мерки за да се спречи оваа појава. Властите не треба да молчат во такви случаи кога законот е отворено прекршен.

Оваа практика и, штети на слободните и демократски избори, а пред сè им штети на самите граѓани кои стануваат игра на власта. Граѓаните не треба да им веруваат на ваквите вработувања и да го продаваат својот глас за работа. Вработувањето е нивно право што никој не може да го негира, па затоа не смее истата да биде основа за нивната политичка определба”, се вели во соопштението.

Од партијата додаваат дека ќе се обидат да го спречат овој феномен со сите сили, затоа што „народот е тој што треба да ја држи власта на раце, а не обратно”.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе