Алијанса за Албанците обвинува: Државата ги запоставува граѓаните заглавени во странски држави

Алијансата за Албанците, како што соопшти денеска, неколку пати, искажувала загриженост за враќањето на нашите граѓани во нивната татковина. 

„Неколку пати реагиравме на ова прашање, па и апелиравме до Министерството за надворешни работи и Владата, кои не прават ништо за да им се помогне на нашите граѓани, особено од Италија, каде што ситуацијата е многу загрижувачка заради големиот број наши граѓани кои сакаат да се вратат во својата татковина. Ова го зборуваме затоа што добивме многу директни писма од нашите граѓани, кои се блокирани во разни земји на ЕУ, како резултат на кризата со пандемијата”, пишува во партиското соопштение.

ООд Алијансата му се обраќаат директно на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и му порачуваат дека  проблемите не се решаваат ниту со празни изјави ниту со потценување на новинарите кои се заинтересирани за оваа проблематика. 

„Затоа, преземете мерки за да не биде предоцна, и да не станете причина за некоја трагедија, како што е случајот со албанското семејство од округот на Скопје, кое според нашите информации е блокирано 48 часа на унгарската граница.

Бројот на тие што сакаат да се вратат е многу голем, но конзуларните претставништва на РСМ не се во можност ни да кренат, а камоли да направат нешто повеќе за да помогнат во нивното враќање”, обвинуваат од партијата на Зијадин Села.

 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе