Реакција

Aлијанса за Албанците: Нов скандал, Фондот за здравство цените за операции на срце ги договара во четири очи

Од сигурни извори дознавме дека Фондот за здравство во четири очи ги зголемил референтните цени на кардиохируршките операции за 15-30%, со оправдување дека овој потег е како резултат на „кумулативната инфлација“, односно зголемување на цените на потрошниот материјал за кардиохируршките интервенции во светски рамки, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците.

„Сето ова може и да биде точно и логично, но растот на овие цени два пати за една година ни дава право да се сомневаме дека се работи за нов скандал ако ги споредуваме замрзнатите цени на другите интервенции во текот на неколку децении и обезбедување на големи средства за овие операции кои се прават само во приватните болници „Аџибадем Систина“ (6,5 милиони) и „Жан Митрев“ (9,1 милиони евра) за 2018 година. Исто така, треба да се сфати дека цената на овие интервенции го достигна истото ниво или го поминале во споредба со болниците во регионот, како што се Бугарија, Србија, Турција итн. каде што животниот стандард е поголем од оној на Северна Македонија“, соопшти АА.

Комисијата за здравство на Алијансата за Албанците бара итно скандалот да се предаде во обвинителството, но зошто да не биде опфатен и од „метлата на Заев“, додека Министерството за здравство објасни до каде е проектот на државна кардиохирургија и зошто се инвестираат толку големи средства во приватните болници, а не на формирање на кадар и обезбедување на оптимална инфраструктура за државната кардиохирургија. „Исто така прашуваме кога ќе бидат претставени првите резултати и костбенефитот на миграцијата на педијатриската кардиохирургија од јавното здравство во приватното во рамките на и така не добро дефинираниот проект на јавно-приватното партнерство“, соопшти АА.

Вчера МКД.мк ја отвори темата за Фондот за здравство и зголемувањето на цените за кардиоваскуларни интервенции за приватните болници „Жан Митрев“ и „Аџибадем Систина“.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе