Алијанса за Албанците: Нема причини Беса и натаму да остане владин коалициски партнер

Новиот закон за лични карти и патни исправи, според последните изјави на премиерот Заев, нема да вклучува ознака за етничка припадност. Неговото образложение е дека тоа е технички и ќе треба да се чека на  „тендерот“ на нов оператор за биометриски документи, се вели во денешната реакција на Алијансата за Албанците.

„Од кога правото за утврдување на етничка припадност треба да помине на тендер? Каде остана вашиот заеднички договор и ветување во изборната кампања на коалицијата Можеме кон Албанците, или ова беше следната двојна измама од страна на СДСМ-Беса? До кога секое право на Албанците ќе мора да поминува низ вашите тендери, за да имате финансиска корист? Во врска со вашиот коалициски партнер, Беса, ги прашуваме што е причината за нивниот понатамошен престој во Владата, кога единственото залагање и образложение за коалиција под чадорот Можеме беше воведување на етничката припадност во личните документи“, соопшти Алијанса за Албанците и побара одговорност и отчет за секој неуспех и измама пред граѓаните.

 

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе