Реакција

Aлијанса за Албанците: Не можат Заев и Мицкоски сами да одлучуваат за судбината на СЈО

Како политички субјект сме за политички дијалог, консензус и компромис за одредени прашања од политички и државен интерес, но категорично се спротивставуваме на идејата за затворена средба помеѓу премиерот Заев и лидерот на ВМРО-ПДМНЕ, Христијан Мицкоски, со исклучување на албанските политички сили и нивното раководство. Досега имало две работни групи кои работеа на Законот за јавното обвинителство, а кои беа ексклузивно со членови на владата и на ВМРО-ДПМНЕ, без да бидат вклучени други албански политички субјекти, се вели во реакцијата на Алијансата за Албанците.

„Јавно прашуваме кој им дава право на премиерот Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да ги исклучат или не да ги поканат лидерите од албанскиот политички блок.
Ниту премиерот Заев, ниту лидерот на ВМРО, Христијан Мицкоски, не можат сами да одлучуваат за судбината на Специјалното јавно обвинителство, кое некогаш беше донесено со  политички и етнички консензус, иницирано од меѓународниот фактор!
Јавно прашуваме кој ги претставува албанските граѓани на лидерската средба, Заев  или Мицковски? Кој ќе зборува во името на Албанците за Законот за јавно обвинителство, Заев или Мицкоски? Кој ќе зборува во името на албанските граѓани, доколку евентуално се отвори темата за предвремени парламентарни избори?
Бидејќи не се исклучуваа можноста на таа средба да дискутираа и за други актуелни теми, претпоставуваме и за пописот на население.
Што можат да помислат граѓаните Албанци, ако само Заев и Мицкоски зборуваат или се договараат за пописот, зошто се остава простор и можност некој и да згреши или да не згреши во своите констатации и предрасуди?
За жал, денес, ДУИ продолжува со својот политички дуализам со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, која еднаш се согласува со владиниот предлог-законот за јавното обвинителство и, од друга страна, има идентичен став со тој од ВМРО-ДПМНЕ за тоа како предметите на СЈО треба да се пренесат од СЈО во републичкото обвинителство.
 Заев, вие можете и да разговарате заедно со Мицкоски за ДУИ и во нивно име, но не и во името на албанските граѓани. Можете и да се договорите да ги амнестирате оние поранешни и сегашни функционери вклучени во отворените предмети на СЈО, но не можете да зборувате за правда, за реформи интеграција во ЕУ, изборен законик, предвремени избори, затоа што уште на прв поглед, оваа средба изгледа моноетничка, далеку од мултиетничка реалност, и од политичката традиција за сеопфатен политички договор.
Го повторуваме нашиот политички став дека најдоброто можно решение би било заедничка политичка маса помеѓу сите релевантни политички сили во земјата, да се создаде можност за политички консензус, со што би се сменил изборниот законик и ќе ја подготвува земјата за парламентарни избори. А паралелно со реформскиот процес на правосудниот систем да се именува странски експерт од ЕУ или САД“, соопшти Алијансата за Албанците.
 

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе