Реакција

Алијанса за Албанците: Надлежните органи да проверат дали и Филипче е замешен во „Рекет“

Случајот „Рекет“ стана уште покомплициран поради фактот што се инкриминираат и други државни функционери Еден од сведоците во случајот изјавил дека на еден од состаноците во куќата на Боки 13 присуствувал и сегашниот министер за здравство Венко Филипче. Уште поироничен, од потврдата за неговото присуство на оваа средба, е неговиот изговор дека тој бил таму да разговара за проект за изградба на болница врз основа на јавно приватно партнерство, се вели во реакцијата на Алијансата за Албанците.

„Го потсетуваме министерот дека јавно-приватните партнерства се вршат со парите на даночните обврзници и дека, затоа, никаде во земјите на Европската Унија, па дури и подалеку, не се слушнало дека договори или планирање кои се во интерес на државата и народот се прават на приватен имот.

Министерот за здравство има своја јавна канцеларија во зградата на Министерството за здравство каде може да разговара и да планира градење на згради кои ќе им бидат од корист на граѓаните и здравствената услуга што ја добиваат.

Бараме надлежните органи, без политичко влијание, самостојно да докажат дали министерот Филипче е или не е, вмешан во случајот што беше најголем удар врз правдата во земјата.

Сметаме дека состаноци што се одвиваат во приватни домови, надвор од јавни канцеларии и со луѓе инкриминирани и осомничени за злоупотреба и корупција, се и треба да бидат, осомничени за кривични дела“, се вели во реакцијата на Алијансата за Албанците.

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија.

повеќе

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе