Реакција

Алијанса за Албанците: Криминално однесување на Рамиз Мерко

 Арогантното и неодговорно однесување на градоначалникот на Струга уште еднаш покажа дека дивите градби во Струга се прават со знаење и со негово стимулирање. Повеќето од тие што градат околу езерото ги кажуваат истите зборови - се договоривме со Рамиз, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците на вчерашната изјава на Рамиз Мерко, градоначалник на Струга.

„На овој уништувач на секоја вредност и богатство на граѓаните на Струга, не му е местото таму. За жал, институциите стануваат алатка на криминал и криминалци како Рамиз. Уште еднаш ги покануваме полицијата, обвинителството, судот, Владата, да преземат мерки сѐ додека не стане предоцна. Нашето богатство се уништува и узурпира. Додека организираниот криминал цвета на секој агол во Струга“, соопшти Алијанса за Албанците.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе