Реакција за пресудите за „27 април“

Aлијанса за Албанците: Казната за Алими за етнички „баланс“

Иако во демократска земја не се коментираат одлуките на судот и пресудите, сепак, Северна Македонија е многу далеку од демократијата и правдата, реагира Алијансата за Албанците на пресудите за „27 април“, поконкретно за 7-годишната казната затвор за Абдулфета Алими, „единствениот човек кој го спаси животот на лидерот на АА - Зијадин Села“.

За Алијансата за Албанците овие пресуди се тенденција за да се амортизираат другите казни на организираната група, однапред проектирајќи и реализирајќи удар врз Собранието врз пратениците и пред сѐ физичката ликвидација на Села.

„Нелогично е и бесмислено Алими да се товари за тероризам и истиот да се поистовети со групата која тепаше пратеници во Собранието. Фета Алими во овој судски процес се третира како жртва со која се обидува да се зачува етничкиот „баланс" кон останатите казнети лица и кои јавноста ги знае како нарачатели и извршители на настаните од 27 април.

Фета Алими денес требаше да биде награден од страна на државата, кој успеа да спаси човечки живот, и тоа на пратеник и лидер на народот како што е Зијадин Села ставајќи го во опасност сопствениот живот, а не да биде осуден на 7 години затвор и да се изедначи со оние кои ги видовме на телевизиските екрани, како ги удираа со тврди предмети пратениците таа кобна вечер од 27-ми април.

Изразуваме длабоко жалење за политичкото и правното казнување со 7 години затвор на Алими и предупредуваме дека ќе ги искористиме сите правни инстанции за да ја докажеме неговата невиност“, реагира Алијансата за Албанците.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе