Алијанса за Албанците: Како Јанкуловски и Калчиноски станале Албанец и Ром

На јавниот оглас за вработување во Специјализираната болница „13 Ноември" се вели дека кандидатите требало да бидат Албанци и Роми, а во одлуката на истата болница за примените кандидати стојат имиња од македонска националност. Разбираме дека ова е метод што го користи оваа Влада за манипулирање со бројките на албанските вработени, како и на другите националности, затоа што тие лесно излегуваат утре и велат дека во болницата или каде било друго, има вработени Албанци и Роми, бидејќи во одлуката така и пишува, реагира Алијансата за Албанците.

На овој оглас биле примени Томислав Јанкуловски, Албанец и Влатко Калчиноски, Ром.

„Споменатиот „балансер“ е електронска алатка, така што го внесува бројот на албански вработени, а не нивните имиња и презимиња за да се идентификува дали се навистина Албанци или не. Оваа методологија позната како балансер e создадена од претходната влада на ВМРО-ДУИ, со идеја да се зачува застапеноста на Албанците во државната и јавната администрација, но всушност балансерот е пречка за зголемување на бројот на Албанците во администрацијата. Балансерот е практично механизам за одржување на статус-кво и дискриминаторската позиција во јавната и државната администрација. Бараме одговорност за овој и за сите други случаи на ваква манипулација“, се вели во соопштението на Алијансата за Албанија од каде најавуваат дека ќе бараат измена на Законот за државни службеници за укинување на оваа методологија позната како балансер.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе