Aлијанса за Албанците: Иако доцни 2 години, министерот Филипче сфати што е јавно-приватно партнерство во здравството

Приватното-јавно партнерство за прва помош не успеа. Иако ова не е новина за министерот, во споредба со другите изјави, овој пат министерот Филипче призна дека „ приватно-јавното партнерство е сложен процес, во кој мора да учествуваат многу заинтересирани страни и претставници од Министерството за економија, финансии, други експерти". Ова не беше побарано кога министерот предложи приватно-јавно партнерство за кардиохирургија на деца, лаборатории за крвна слика, стерилизација на болничката опрема... Сите овие проекти за кои ниту физибилити студии не беа подготвени, ниту беа консултирани други министерства или експерти, се вели во реакцијата на Алијансата за Албанците.

„Потсетуваме дека снабдувањето автомобили за прва помош и подобрувањето на моменталната здравствена состојба со инвестиции што никогаш не се инвестираа беа ветувања на ДУИ пред граѓаните, што никогаш не ги исполнија. И денес, кога проектот што самите го поддржаа не успеа, тие молчат.

Алијанса за Албанците првично предупреди дека ниту еден проект за јавно приватно-партнерство не може да се спроведе без соодветен план и анализа.
Драго ни е што министерот Филипче, иако доцни 2 години, го сфати ова! Но, тој и неговите владејачки партнери се чини дека не го разбрале концептот на одговорност и давање отчет за нивните неуспесите", соопшти Алијансата за Албанците,

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе