Алијанса за Албанците и Алтернатива: Заев е циничен, не му пречи бројот на сведоците, туку бројот на Албанците

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алетернатива го обвини премиерот Зоран Заев дека му пречи бројот на Албанците во државата и дека наместо сугестии и предлози за предлог-законот за државјанство, тој давал цинични изјави.

„Деновиве, кога коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива очекува свикување на седницата за усвојување на предлог-законот за државјанство, наместо да добиваме сугестии и предлози, премиерот Зоран Заев изјавува дека ‘со тројца сведоци се склучува брак, но не се добива државјанство‘. Иако неговиот невкусен цинизам е неодржлив, бидејќи ваквото правно средство не е туѓо во нашата пракса, неговата изјава повеќе зборува за неговата потсвест отколку за неговата свест. Тоа го отсликува најдобро неговиот страв дека со овој закон можеби се зголемува бројот на Албанците. Затоа, нему не му пречи бројот на сведоците, туку бројот на Албанците“, пишува во соопштението од Коалицијата. 

Оттаму го повикуваат Заев заедно со неговите коалициски партнери да го прифати предлог-законот на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, бидејќи тој, како што велат, е во интерес на сите граѓани, а не само во интерес на Албанците. Доколку има забелешки околу текстот на предлог-законот, додаваат, тие сме подготвени да дискутираат и на пленарна седница, преку амандмани, да се усогласи финалната верзија на текстот. 

„Но, цинизмот и иронијата не му помагаат на премиерот да го скрие и храни стравот дека на овој начин некои Албанци ќе се стекнат со државјанство. Дури, ако тој и неговата партија сакаат навистина да покажат дека се за граѓанска држава без никаква дискриминација врз ниту една основа, овој предлог-закон е тест токму за тоа“, се додава во соопштението. 

 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе