Алијанса за Албанците и Алтернатива: Тротинети и обвинувања за администраторите, 2 милиони евра автомобили за министрите

Владата потпиша договор за купување на 45 луксузни автомобили на лизинг, за што ќе плати вкупно околу 2 милиони евра за само 36 месеци. Ова е една од најсериозните злоупотреби на парите на граѓаните, во време кога економијата е пред колапс, бизнисите во земјата се пред банкрот, додека граѓаните секојдневно ја напуштаат земјата поради сиромаштија и економска криза, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците и Алтернатива.

„Овој скандал уште еднаш го извади на виделина вистинското лице на Владата на СДСМ-ДУИ. Да потсетиме, пред неколку дена,  зелениот министер, Бујар Османи, промовираше тротинети  со електричен погон за администраторите, исмејувајќи ги, а неговиот шеф Зоран Заев ги обвини дека администраторите се корумпирани и дека министрите се чисти.                                                                                      Алијанса за Албанците и Алтернaтива ценат дека неодамнешната одлука на Владата потврди дека Зоран Заев и Али Ахмети веќе го надминале Никола Груевски, како за набавка на луксузни автомобили, така и за потценување и злоупотреба на администрацијата. Ве уверуваме дека правдата наскоро ќе дојде за сите во оваа држава. Оние кои злоупотребуваат ќе одговараат и за последниот денар што го украле од џебот на народот“, соопшти коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе