Алијанса за Албанците и Алтернативa: Спасовски и Заев, со колку сведоци добија државјанство овие 214 криминалци?

Сведоци сме на уште еден скандал што се случува во Министерството за внатрешни работи (МВР) предводено од Оливер Спасовски и оваа Влада. Скандалот е поврзан со снабдување на 214 криминалци и странски наркодилери со државјанство и патни исправи. МВР првично им овозможило снабдување со државјанство, а потоа им помогнало со обезбедување и со лични документи и патни исправи. Сета оваа документација е издадена со лажни идентитети со цел на овие лица да им се овозможи криење и слободно извршување на активностите поврзани со меѓународниот организиран криминал, се вели во денешната реакција на Алијанса за Албанците и Алтернатива.

„Од ова произлегува дека во Република Северна Македонија полесно може да се добие државјанство како криминалец и наркодилер во меѓународната криминална мрежа, отколку да се биде роден и растен во оваа држава.

Уште еднаш јасно се гледа 30 годишниот фашизоиден пристап на МВР кон обичните граѓани кои се родени и растеле во оваа држава, сметајќи ги како опасни за безбедноста на државата и необезбедувајќи ги со државјанство.

Да не заборавиме дека истите тие, Оливер Спасовски и Зоран Заев, беа против предложениот закон за државјанство предложен АА и Алтернатива не прифаќајќи ги нашите предлози за олеснување на процедурите за добивање на државјанство за граѓаните. Затоа, ги прашуваме Оливер Спасовски и Зоран Заев, со колку сведоци добија државјанство овие 214 криминалци?

Како е можно овие лица да поминат низ филтрите на МВР без да бидат детектирани и прогласени како опасни за државата? Кои се поопасни за државата, постарите мажи и 70-80 годишните жени, или овие 214 криминалци? На крај ќе ве прашаме јавно-после овој скандал дали ќе го прифатите нашиот предлог и дали ќе го гласате законот за државјанство за обичните граѓани? Инаку, како што за овој скандал притворивте многу членови на МВР, би требало да притворите и многу вработени во МВР кои во текот на овие 30 години на илјадници граѓани на РСМ им го негирале и ускратиле правото за државјанство“, соопшти коалицијата Алијсанса за Албанците и Алтернатива.

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе