Aлијанса за Албанците и Алтернатива: Агим Нухиу по Синичани се одмаздува на полицајци-Албанци

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, дури и по акциите во Синичани, продолжува да се занимава со Албанците. Овој пат со деградација на полицајци-Албанци во министерството каде тој раководи, соопшти Алијансата за Албанците и Алтернатива.

Aгим Нухиу

„ДУИ преку партиски војници како Агим Нухиу ги користи државните позиции за одмазда против сите што гласаа за промена. Ваквото однесување на ДУИ им штети на луѓето директно, но и на државата. Нагласуваме дека државните институции треба да функционираат со професионалци, а не со војници кои работат под партиски наредби.

Апелираме до локалните институции, но и меѓународната заедница да преземат постапки согласно законот со кои ќе се запре злоупотребата на МВР за партиски интереси. Ова министерство мора под итно да прекине со деградацијата на албанските професионалци, кои ја вршат својата работа како што треба.

Ваквите постапки на ДУИ се само сведоштво за гневот на нивниот пораз на последните избори! Дојде време нашата држава конечно да стави крај на ваквите режими и да почне да функционира во европски дух“, соошти коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе