Реакција

Алијанса за Албанците и Алтернатива: Грдоста на ДУИ не може да биде покриена со тротинети и лаги

Набавката на неколку тротинети  за вработените во Министерството за надворешни работи е само обид да се покрие луксузот на функционерите на ДУИ. Во пресрет на локалните избори, Бујар Османи сака да фрли пепел во очите на граѓаните, додека неговите сопартијци, градоначалниците на Дебар, Струга, директори на јавни претпријатија, како и на самата Влада, трошат милиони денари на скапи автомобили, се вели во реакцијата на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива по најавата од МНР за „зелена дипломатија“.

„Сега кога министерот не успеа во секоја област на одговорност и ја доведе нашата дипломатија и процесот на интеграција во состојба на колапс, залудно прави ПР со тротинети од 200 евра. Би сакале тој барем да ги купеше по пазарна цена, со оглед на неговото минато полно со коруптивни сомневања кога станува збор за јавните тендери“, соопшти АА/А.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе