Алијанса за Албанците: ДУИ со 5.000 амандмани, 5.000 причини за нивните неуспеси

Неконзистентноста и нестабилноста на ДУИ прави нивните ставови да бидат определени како што дува ветерот за лични интереси. Тоа е евидентно дури и во нивните ставови за измените на Изборниот законик. Поднесените 5000 амандмани не се ништо повеќе од 5000 причини за блокирање на парламентарната расправа за измените на Изборниот законик , соопшти Алијансата за Албанците.

„Од друга страна, приближувањето на ставовите и заедничното доставувањето на амандманите со ВМРО-ДПМНЕ е јасен показател за нивните идни соработки за блокирање на процесите што прават разлика за целокупното добро, но секако на нивна штета.

Алијансата за Албанците стои силно зад барањето за отворени листи како приоритет за изменување и дополнување на Изборниот законик, а заради потранспарентна одговорност пред гласачите, потребни ни се 8 изборни единици. Ова исто така значи и зајакнување на албанскиот глас.
Измените во Изборниот законик се неопходни за предвремените парламентарни избори со цел да се зголеми бројот на пратеници кои ќе го претставуваат гласот на Албанците во Собранието", се вели во соопштението на Алијансата за Албанците.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе