Aлијанса за Албанците: ДУИ и СДСМ се обидуваат да ги прикријат кривичните дела на Нефи Усеини

Додека обичните граѓани се казнуваат секој ден од разни општински и државни инспекции, ова како да не важи за милениците и криминалците на ДУИ и СДСМ. Последниот случај во Охрид, кој се однесува на Нефи Усеини, кој секој ден се споменува во домашните медиуми, најдобро опишува дека државните институции се фатени од страна на партнерите во владејачката коалиција и селективната правда во земјата, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците.

Oд отворањето на дивоградбата во центарот на Охрид

„Во последно време во медиумите неколку пати сме слушнале за бетонската база „НЕФИ ИНВЕСТ“ лоцирана кај Охридското Езеро, која што е дивоградба. Нефи Усеини почна со изградба на бетонската база пред пет месеци, без потребната документација, без одобрение за градба и без еколошки дозволи. Зелениот простор кај Охридското Езеро се претвори во градилиште. Изградбата на објекти во оваа област е строго определена, а самата област е заштитена од УНЕСКО, што значи дека е строго забрането изградбата на овој вид објекти кои можат да предизвикуваат еколошки проблеми. Неофицијално, парцелата на која е изградена бетонската база е во сопственост на Исламската верска заедница.

Исто така медиумите информираа и за узурпација на јавен имот и нелегална изградба на комерцијалниот објект „Луна“ во стариот дел на градот Охрид, во близина на „Стариот рап“. На свеченото пуштање во употреба на овој бесправно изграден хотел присуствуваше и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

Согласно Законот за градба, нелегалното градење претставува кривично дело, во случајов иако е познат сопственикот на објектите - против него не се преземаат никакви правни мерки: не му се рушат  бесправно изградените објекти и не се гони кривично. Дури и градоначалникот на Охрид - Константин Георгиевски, иако е должен да го спроведе законот, тој се обидува да ги прикрие делата на Нефи Усеини и да му помогне да спроведува планови.

Нефи Усенини е советник во Советот на општина Охрид од редовите на ДУИ. Воедно од компаниите што ги води градот Охрид, неговата компанија „НЕФИ ИК“ добива тендери со висока вредност. За две години, има добиено 8 тендери во вредност од 225.000 евра. Неговата компанија „НЕФИ ИК“ има потпишано пет договори со ЈП „Охридски комуналец“, 2 договори со ЈП „Градски гробишта“ и еден договор со ЈП „Нискоградба Охрид“.

Неговата компанија „НЕФИ ИК“ ја одржува и депонијата Буково, која беше запалена пред неколку недели. Одржувањето на депонијата со тендер од ЈП “Охридски комуналец“, во вредност од над 47.000 евра.

И, конечно, како ова да не беше доволно, вчера истото лице, Нефи Хусеин физички го напаѓа и му се заканува со смрт на професорот Илјаз Илjази кој случајот го пријавил во полиција.

Ова е трет напад за неколку месеци каде учествува Нефи Усеини. Во април го нападна инспекторот од Скопје кој беше заминат во Охрид за да изврши увид во дивоградбата на охридскиот советник. Во јуни, Усеини физички го нападнал својот колега од советот, Џелал Мена.

 

Институциите молчат. Општината молчи за нелегални узурпации и приклучоци. Сите молчат и се преправаат како да ништо не се случило. Со полна уста зборат за спроведување на законот, но продолжуваат со старата песна. Кога станува збор за моќниците од ДУИ, тогаш може да се користи само аргументот на сила и никому ништо, за неколку дена сè ќе биде заборавено.

Алијансата за Албанците ги повикува надлежните органи да преземат соодветни мерки во согласност со законот.

Алијансата за Албанците ја повикува полицијата да постапи согласно законот, против употреба на насилство врз невини лица кои уредно пријавуваат неправда и незаконска узурпација, а во замена се напаѓаат физички и се закануваат со смрт.

Алијансата за Албанците ги повикува и општинските органи на општина Охрид, да не молчат, туку да постапуваат согласно своите надлежности применувајќи го законот за комунални услуги и законот за градби.

Доста со бандитизми и заштита на локалните шерифи по секоја цена. Последен момент е во оваа држава, законот и правилата подеднакво да се применуваат за сите граѓани“, соопшти Алијансата за Албанците.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе