Алијанса за Албанците: ДУИ ги злоупотребува администраторите пред избори, ќе го отстраниме „балансерот“

Како што се приближува 12 април, ДУИ се чини дека веќе ја мириса загубата што ќе ја претрпи и затоа ја продолжува својата пракса за партиски вработува како предизборни кампањи. Со години бевме сведоци на притисокот што ДУИ го прави врз администраторите, затоа што за нив државните службеници се само гласови и ништо повеќе. За жал, економската состојба и потребата од работа ја прават оваа работна сила да биде злоупотребена и манипулирана и да се користи како средство за обезбедување гласови, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците.

„Вистинскиот процент на албанските администратори е далеку од процентот што официјалните лица на ДУИ го прогласуваат; помалку од 18% на централно ниво и помалку од 5% на ниво на раководни позиции. А уште помалку можеме да му веруваме на овој процент кога самиот министер за администрација и информатичко општество изјави дека постои манипулација со етничката припадност при вработувањето, што значи дека за кој процент и да зборуваме, мора да се стави голем прашалник.

По 12 април ќе биде отстранет „балансерот“, што овозможува манипулација, и наместо тоа ќе се иницира закон за правична застапеност со цел да се постигне соодветна застапеност.

Ги повикуваме албанските администратори кои ја освоија битката со самите себе си да не мигрираат како и повеќето нивни врсници, да не дозволат ДУИ да ги злоупотреби како алатка или машина за гласање да останат на власт, туку да бидат слободни на нивните работни места и да гласаат без никаков притисок. Затоа што сите знаеме дека оваа власт им се заканува на сите оние кои им се спротивставуваат.

Во секој извештај на Европската комисија политизацијата на јавната администрација постојано се споменува, а тоа се должи на притисокот на ДУИ. Кога имаме политизирана администрација, немаме независни и професионални институции. Затоа е време администраторите да не бидат манипулирани од политиката, туку да им служат на институциите задржувајќи го својот професионален кредибилитет и независност.

 А кога зборуваме за ветингот, кој често го споменува ДУИ, ги прашуваме јавно до каде е случајот против нивниот поранешниот државен секретар за администрација, кој беше осомничен и обвинет за злоупотреба на ИПА фондовите на ЕУ“, се вели во соопштението на АА.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе