Реакција

Aлијанса за Албанците до Заев: Коалицијата на ДУИ со ВМРО сѐ уште функционира

Премиеру, вие имавте прилика да создадете услови функционерите на ДУИ, вклучени во корупција и организиран криминал, заедно со партиските судии и обвинители, да дадат отчет за нивното минато, но вие тоа не го сторивте. Вие ги амнестирате, а потоа барате помош од нив, и да не нѐ чуди ако сте станале исти како нив, се вели во реакцијата на Алијансата за Албанците по вчерашната изјава на градоначалникот на Сарај Блерим Беџети.

„Почитуван премиер, не знаеме која е вистината во изјавата на Блерим Беџети во неговите тврдења дека вие сте побарале помош од него, за да влијае во разрешувањето на Јово Вангеловски.

Веруваме дека ги слушнавте бомбите кои сами ги објавивте, како тој, заедно со челниците на ВМРО, инсталираа партиски судии и обвинители кои беа во служба на режимот ВМРО-ДУИ.

Парадоксално е Вие да побарате негова помош и на ДУИ за да го реформирате правосудниот систем, токму од оние кои ја доведоа правдата во мизерна состојба, без трунка доверба и кредибилитет.

ДУИ продолжува да ги брани сите функционери на ВМРО и незјините блиски луѓе, што нѐ тера да сфатиме дека оваа коалиција е сè уште жива, исто како што беше некогаш. Таа коалиција не дозволија да му се одземе мандатот на Трајко Веjanановски за случајот 27-ми април, исто како и пред неколку дена кога не дозволија да биде разрешен претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски“, се вели во реакцијата на Алијансата за Албанците.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе