Алијанса за Албанците: Демаскирана пропагандата на СДСМ-ДУИ, Заев двапати е одбиен за преговори

Советот на министри на Европската Унија ги демаскираше едногодишните лаги на владата СДСМ-ДУИ со одбивање, вторпат по ред во владеењето на Заев, да одлучи во корист на отворање на преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците.

„Немањето одлука од земјите членки на ЕУ, несомнено е очајничка вест за граѓаните на Северна Македонија кои скапо ги плаќаат последователните неуспеси на оваа власт. Но, ваквиот тек беше очекуван и најавен постојано од страна на Алијансата за Албанците, уште од почетокот на пропагандната кампања на владата СДСМ-ДУИ во јуни минатата година, дека државата добила датум за почеток на преговорите.

Причините за одбивање, на граѓаните им се повеќе од јасни. Тие се однесуваат на тоталниот неуспех на владата СДСМ-ДУИ во спроведувањето суштински реформи за враќање на владеењето на правото, борбата против корупцијата и департизација на јавната администрација.

Овие потфрлувања се потврдени во последниот извештај на ЕК за напредокот на земјата, во кој се наведува дека нивото на корупција останува загрижувачко, а судството и јавната администрација продолжуваат да бидат заробени од политиката“, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе