Алијанса за Албанците: Цариниците Албанци за царинските проблеми на состанок во ДУИ, заробена држава

ДУИ ја заробува државата, ја злоупотребува власта, прави малверзации со вработувањето на албански цариници за политички цели. Вчера, заменик директорот на Царинската управа Ирфан Бучи, претседателот на огранокот на ДУИ во Тетово Флорин Бесими, пратеникот Артан Груби и министерот Хисен Џемаили ги поканија албанските цариници од Тетово, за да, како што стои во соопштението објавено на социјалните мрежи, заедно „ги искажат маките“. Замислете заменик директорот на Царината, не ги поканил цариниците во царинските седишта, туку во седиштето на ДУИ во Мала Речица, реагира Алијансата за Албанците.

„Дека ДУИ ја заробила државата и сите нејзини институции, зборува и фотографијата со албанските цариници, вработени во еден толку чувствителен сектор кои мораат да ѝ служат на државата, царината, граѓаните, а не да служат како партиски војници за партиски цели.

Уценувањето, злоупотребата и мобингот се формите што ДУИ ги практикува секој пат кога наближуваат избори. Прекршувајќи го законот со политизација на јавната администрација и со користење на државниот апарат за партиски цели. Сето ова е во спротивно со барањата на ЕУ за департизација на државните институции и за деполитизирање на јавната администрација, како предуслов за започнување преговори со ЕУ.

Го потсетуваме ДУИ дека никогаш не се сретна со членовите на семејствата и поранешните војници на ОНА, воените инвалиди или децата на загинатите, да ги слушнат нивните проблеми, кои оваа партија ја претворила оваа категорија во социјален и безнадежен слој.

Алијансата за Албанците во наредните денови ќе ги искористи сите законски средства за да го спречи заробувањето на државата од страна на ДУИ, кои ги злоупотребуваат државните функции за политички цели.

Ги повикуваме Албанците вработени во државната администрација и институциите да не дозволат да бидат изманипулирани од ДУИ за нивни цели, да ги извршуваат своите функции и должности служејќи им на граѓаните, а не на ДУИ. Да пријават каква било уцена и мобинг во соодветните институции. Да стојат настрана од политиката и да не прифаќаат ДУИ која тоне, да најде спас од нив, бидејќи такво нешто е невозможно.

Бараме од Државната комисија за спречување на корупцијата да се изјасни дали има правна основа за овој случај да покрене кривична пријава против државни функционери кои ги злоупотребуваат државните функции за политички цели.

Го покануваме премиерот Заев, исто така, да се изјасни за конкретниот случај дали поддржува случаи кога политичките субјекти, царинските или полициските службеници се ставаат во служба на политичките субјекти кои сакаат да го користат државниот апарат за да победат на избори.

Ние како политички субјект, овој случај, а и сите други случаи ќе ги пријавиме во релевантните амбасади во земјава, барајќи нивна интервенција за да се спречи заробувањето на државата“, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците.

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе