Реакција

Алијанса за Албанците: Бектеши ако не знае нека праша, а не да повикува рачно да се прават маски

Ние ја разбираме желбата на секој граѓанин да даде придонес за надминување на оваа криза со коронавирусот, но тоа што не го разбираме е желбата за протагонизам на некои министри на кои се чини дека сѐ им изгледа атракција и изборна кампања. Министерот за економија Крешник Бектеши, треба да биде свесен за позицијата што ја носи. Тој е член на Владата и не може јавно да повикува рачно да се прават маски за заштита, додека ниту една лабораторија не го тестира заштитниот ефект на овие маски, се вели во реакцијата на Алијансата за Албанците.

Препораките на Светската здравствена организација и експерти велат дека маските треба да бидат со еднократна употреба и истата маска да не се носи подолго време. Министерот апелира дека овие типови маски можат да се користат на неодредено време, со што шири дезинформации и го загрозува здравјето на граѓаните.

Министре, постапете одговорно затоа што сте дел од Владата која треба да управува со кризата. Ако не сте свесни за овие обврски - читајте, ако не читате - прашајте. Во спротивно, би можеле да станете елемент што го шири вирусот, а не штити од него.

Безбедносните маски, медицинските ракавици, средствата за дезинфекција, медицинските сапуни мора да бидат безбедни, научно тестирани, а потоа да се дистрибуираат за поширока употреба,  обврска на оваа Влада чиј министер е Бектеши“, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе