Алијанса за Албанците бара одговорност од коалицијата „Можеме“ за загрозување на здравјето на граѓаните

Коалицијата „Можеме“ не само што го прекрши законот и ја започна изборната кампања пред време, туку и го загрози здравјето на стотици граѓани, обвинува Алијанса за Албанците во денешното соопштение.

„Се чувствуваме огорчени од негрижата на тие кои се желни за власт. Ова неодговорно однесување на претставниците на коалицијата ‘Можеме‘ не смее да помине во тишина и без заслужената казна. Додека граѓаните ги почитуваат мерките за заштита од вирусот, истиот за жал им се сервира од оваа коалиција како резултат на нивната неодговорност. Со оглед на тоа дека најголемата партија на оваа коалиција е во владата, а истата е таа што одлучува за мерките и казните на граѓаните, сметаме дека е дискриминација кон граѓаните да го поминат овој скандал во тишина“, се наведува во соопштението.

Од партијата додаваат дека бараат одговорност за таквото однесување, бидејќи, како што велат, здравјето на граѓаните е поважно од сè.

„Треба да има одговорност затоа што животот на граѓаните е директно загрозен и второ заради кршење на Изборниот законик. Одговорните лица мора да се повикаат на морална одговорност и совест, додека коалицијата ‘Можеме‘ исто така мора јавно да се извини за неодговорното однесување и ризикот во кој ги изложи граѓаните“, стои во соопштението од Алијанса за Албанците.

 

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе