Алијанса за Албанците бара итни мерки за расчистување на „Рекет“

Алијанса за Албанците, по објавувањето на видео снимката од италијанскиот весник „Ла Верита“, преку соопштение денеска побара итно да се преземат сите законски мерки за да се расчисти целосно случајот „Рекет“ и да се прошири истрагата.

Од партијата истовремено бараат да се отвораат истраги за сите предмети кои што се во предистражна постапка, како што е предметот „Пациент“ и други.
„Случајот ‘Рекет‘ е доволен доказ дека сите тие случаи се пропаднати поради ‘рекет‘ а  видео материјалот кој што е објавен денес го потврдува тоа“, се вели во партиското соопштение.
Алијансата за Албанците уште еднаш го повтори и барањето за „обвинител од ЕУ“ како решение за излез од ќорсокакот во кој се најде правосудниот систем во државата.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе