Aлијанса на македонските Бугари: Донесете го законот за попис, ¼ од населението не партиципира во власта

Крајно време е Европската Унија да престане да инсистира да ја занемаруваме реалноста и да дозволи Република Северна Македонија и Република Бугарија да почнат да разговараат за сегашноста во која станува збор за оспорување на реалноста. А реалноста е дека скоро 1/4 од населението во Република Северна Македонија е веќе дел од европското семејство, а воопшто не партипицира во ниту еден сегмент во ниту една институција во Република Северна Македонија, се вели во соопштението на Алијансата на македонските Бугари.

„Не избрзувајте со предлози за испразнетите места на судии во Уставен суд, зошто пописот ќе докаже дека тие места им припаѓаат на на македонските Бугари. Иднината е утре, а ние сме тие што ќе ја внесеме РСМ во ЕУ. Ваше е само да го донесете законот за попис уште утре т.е. барем до 1 декември. Докажете ѝ на ЕУ дека и вие како граѓани на оваа држава сакате уште утре да бидете дел од европското семејство“, се вели во соопштението потпишано од Драган Цветковски, претседател на Алијансата на македонските Бугари – движење за национално единство и спас (АМБ-ДНЕС).

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе