Реакција

Алијанса за Албанците и Алтернатива: Полицијата денеска го спречи правото на мирен протест

Денес, кога беше предвидено да се одржи најавениот мирен протест против одлуката на монтираниот процес „Монструм“, полицијата на Оливер Спасовски се погрижил да го спречи овој протест и, дури, со таквото спречување, да провоцира несразмерни инциденти. Така, и покрај барањето на организаторот, семејството на казнетите во случајот „Монструм“, кои претходно го информирале Министерството за внатрешни работи за организирање на протестот, полицијата – со големо засилување со блиндирани возила и специјални единици – не им го допушти патот и така ги спречи протестантите да стигнат до нивната дестинација, се вели во денешната реакција на коалицијата Алијансата за Албанците и Алтернатива.

„Како што знаеме, секаде во светот протестантите се тие кои го одредуваат местото на одржување на протест и во секоја демократска држава на светот тие, освен информирање на полицијата, немаат никаква друга обврска.

Затоа, за нас денешната сцена на скратување на правото за протест е уште еден доказ дека по падот на режимот Груевски-Ахмети, на повидок е новиот режим Заев-Ахмети. Исто како и бандите на Груевски некогаш, така и денес полицијата, на место да биде на страна на граѓаните, таа ги спречи граѓаните во нивното слободно изразување на јавно мислење и на правото за мирен протест. А оваа појава се именува само како диктатура. Ни помалку ни повеќе. За потсетување, вакви сцени денес може да гледаме само во Белорусија, Венецуела и Русија. А дали оваа зборува за нови сојузници на овој режим или пак ова е само вежбање врз грбот на Албанците, тоа треба да го објаснат тие кои ја користат полицијата на народот против народот.

Како и да е, нашите пратеници денес беа таму за подржување на протестот и без никаква друга претензија. Дури, како што можевме да видиме, тие помагаа во смирување на тензиите, останувајќи таму заедно со народот и со правото на народот.

Сепак ние сме убедени дека во Северна Македонија сменети се само актерите, додека сценариото и сценаристите остануваат исти. Затоа, како што го уривавме режимот Груевски-Ахмети, ни преостанува да го урнеме и овој режим, бидејќи немаме друг спас од диктатурата“, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе