Реакција

Aлијанса бара од Алтернатива да каже дали сè уште е важечка нивната коалиција

Од вас очекуваме минимална коректност и да одговорите дали е валиден или не договорот потпишан меѓу нас, Алијанса за Албанците и Алтернатива? Ако не, тогаш не ни останува ништо друго освен да ви посакаме успех во вашиот пат, кој за нас е погрешен и сосема спротивен на вољата што ја изразија граѓаните кои гласаа за нашата коалиција, се вели во денешната реакција на Алијанса за Албанците по последната средба на Африм Гаши, претседателот на Алтернатива со претседателот на СДСМ Зоран Заев.

„Политичката автономија на секој субјект е прифатен факт за Алијансата за Албанците, како што се и договорите потпишани меѓу субјектите, без разлика дали се политички или подразбираат откажување од дел од нејзината автономија. Договорот потпишан за коалиција меѓу Алијанса за Албанците и Алтернатива, јасно ги дефинира критериумите и временските рокови на оваа коалиција, односно во членот 6 од овој договор стои дека: „Странките се договорија оваа соработка да важи до следните парламентарни избори“. Следствено, Алтернатива треба да ги разјасни своите позиции во однос на овој договор, кој го прекршуваа најмалку три пати по ред, со јавна средба со премиерот во оставка, Зоран Заев, за да разговара за можноста за влез во Владата. Нашиот досегашен молк никако не е слабост, туку сериозност кон потписот што го ставивме во договорот и политичкиот морал што сакаме да ѝ го пренесеме на јавноста, дека на крајот дадениот збор докажан со потпис, за нас претставува вредност. Чекањето се однесува на можноста што сакаме да ја дадеме да размислувате за политичките чекори што се преземени од вас.

Изразуваме жалење за разочарувањето што го предизвикавте кај опозициските гласачи кои нè  поддржаа против оваа власт. Ние им остануваме верни во нашето натамошно политичко патување, држејќи ги вратите отворени за сите оние кои за кои дадениот збор пред граѓаните е света работа. Ја информираме јавноста дека Алијансата за Албанците во иднина добро ќе размисли со кого ќе потпише коалициски договор“, се вели во реакција на Алијанса за Албанците.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе