Александар Пандов стана претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница ја разгледувал политичката состојба и биле донесени повеќе одлуки поврзани со делувањето на партијата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

На седницата Извршниот комитет изразил загриженост од, како што се вели во соопштението, историски најлошиот пад на БДП од речиси 13 проценти, како и од негативните трендови во економијата. Извршниот комитет исто така ја потврдил одлуката за протестен собир поради поскапувањето на цената на струјата и осиромашувањето на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ бара враќање на старата пониска цена на струја и преиспитување на работењето на Регулаторната комисија.

Воедно Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донел и повеќе кадровски одлуки „како дел од процесот на кадровско доекипирање и катарза најавена од претседателот на партијата Христијан Мицкоски“.

„Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го именуваше Александар Пандов за претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ кој се воведува согласно новиот демократски статут кој стапи во сила од неодамна. Пандов е долгогодишен член на партијата и поранешен вршител на повеќе партиски функции.

Извршниот комитет донесе одлука за именување и потврдување на мандатите на нови 14 претседатели на Општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Беа именувани и нови членови на Извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението и се додава дека кадровските освежувања продолжуваат и во периодот што следи.

 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе