„Состојбата создадена со оставката на премиерот ја менаџираме преку интензивен контакт со сите страни со исклучок на тие кои ги негираат Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за доброседство, НАТО, ЕУ, Република Косово и албанскиот јазик. Исто така, за актуелните случувања во контакт и кординација сум со нашите стратешки партнери, САД, НАТО и ЕУ. Нема да постапуваме ниту со емоција, ниту со еуфорија£, пишува Ахмети на фејсбук статусот по објавата на ВМРО-ДПМНЕ дека има ново парламентарно мнозинство.
Ахмети наведува дека има многу телефонски повици, пораки и поддршка од сите страни, и во неможност да одговори на сите, порачува, „заедно ќе успееме“, најавувајќи дека за сите случувања партијата ќе информира навремено. „Заедно засекогаш и во секој предизвик“, дополнува Ахмети.






