Реакција

Агенција за разузнавање: Ако се продолжи со лагите, можна е нова безбедносна закана

Агенцијата за разузнавање отфрла каква било вмешаност во незаконски активности и потенцира дека ако се продолжи со нарушување на основните човекови и професионални вредности можеме самите ние како граѓани на ова општество да креираме нова безбедносна закана во државата.

„Во последните неколку дена во разни медиуми искажани се многу невистини околу работата на Агенцијата за разузнавање. Најостро ги осудуваме сите овие обиди за вмешување на Агенцијата во работи во кои таа нема активности. Агенцијата постапува според своите законски надлежности“, се вели во денешното соопштение од АР.

За сите минати безбедносни настани, посочуваат оттаму, Агенцијата остварува тесна соработка со Основното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи.

„Поради текот на истрагите сметаме дека вакви слободни и самоволни толкувања на работата на Агенцијата на никого не му одат во прилог. Во исто време сакаме јасно да укажеме на јавноста дека ако се продолжи со нарушување на основните човекови и професионални вредности, можеме самите ние како граѓани на ова општество да креираме нова безбедносна закана во државата“, се вели во соопштението.

Агенцијата, се додава во него, ја поддржува кампањата за борбата против лажните вести, но воедно и апелира дека борбата против лажните вести и манипулации почнува од сите нас.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе