Реакција

Адвокатот Тошковски: Манипулативни тврдења на Костадинов

Клевети и невистини. Целосно се неточни, измислени и манипулативни изнесените тврдења на Костадинов и Заев за мене. Различни сме. Мене адвокатурата ми е професија од која егзистирам, а вам криминалот ви е професија од која се богатите на грбот на чесните граѓани, се вели во реакцијата на адвокатот Панче Тошковски на денешната изјава на портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

„Вистината е дека се работи за склучени потполно два различни договори, по отворена транспарентна постапка, и кога почнува вториот договор, се раскинува првиот договор. Впрочем тоа е договорот по кој работев како адвокат до пред 6 месеци, длабоко во мандатот кога Заев е премиер. Сигурен сум дека ако имало барем тронка неправилност, тронка нарушување на процедурите, СДСМ со нејзините алатки во правосудството немаше да жали средства да направи прогон и за овој случај, a и нема да ме чуди ако направат монтажа како што тоа го прават редовно и често, но залудно. Доколку имаат некакви забелешки следниот пат го поканувам господинот Костадинов истите да ги адресира до неговиот шеф и доскорешен премиер Зоран Заев. Veritas vincit или вистината победува. А лагите се лош појас за спасување кога бродот ви тоне“, се вели во писмената изјава на Тошковски.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе