СДСМ

Ацевски: Политиките на СДСМ се реални и успешни

Растот на економијата, на БДП, во првиот квартал од 2019 година изнесува 4,1 отсто. Ова е најголем раст на бруто домашниот производ во последните неколку години. Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ дваат реални, позитивни резултати, економијата е во нагорна линија, изјави Костадин Ацевски, пратеник од СДСМ и коалицијата.

„За споредба, во вториот квартал од 2017 година, односно последните два месеци од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ економијата беше во минус од 1,8 отсто. Денес, безмалку две години подоцна, имаме значителен раст од 4,1 отсто. Со оваа изразита разлика паѓаат во вода сите небулози на ВМРО-ДПМНЕ дека навно нема напредок во економијата. Toa е математички прецизна разлика која потврдува дека Христијан Мицкоски нема елементарно познавање од економија. За само 2 години, од заробена, изолирана и задолжена држава, имаме силна економија која нуди шанса за сите, станавме светол пример во регионот.

Очекуваме ваквиот тренд дополнително да се интензивира во наредиот период. Успешните економски политики, полноправното членство во НАТО и доближувањето кон ЕУ значително позитивно ќе влијаат на дополнително засилување на економијата. Остануваме силно посветени во реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, нови работни места, поголеми плати и повисок економски стандард за сите граѓани“, изјави Ацевски во реакцијата на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе