Партиско соопштение

АА: Шаќири по диктат на Груби ги толерира незаконски поставените први луѓе на ТУ

Толерирањето на незаконските постапки на незаконски поставените први лица на Тетовскиот универзитет (ТУ), ја наведуваат Алијанса за Албанците (АА) да заклучи дека и самиот министер за образование Шаќири е дел од незаконитостите можеби и инструиран од вицепремиерот Груби. АА смета дека треба и инспекторатот за образовение да интервенира, зашто „ДУИ е подготвена да го уништи ТУ'. Партијата смета дека министерот за образование и директорот на Инспекторатот за високо образование треба да поднесат оставки.

Во реакцијата АА наведува дека пред неколку дена министерот Јетон Шаќири приреди прием за претседателот на Сенатот и в.д. ректорот на Тетовскиот универзитет, и двајцата, како што нагласува партијата, незаконски назначени на овие функции.

„Во информацијата што ја објавивме пред две недели, истакнавме дека веќе година и пол Тетовскиот универзитет е без легален и легитимен ректор, грубо кршејќи се законот за образование како и статутот на ТУ. Главните одговорни за грубо кршење се поранешниот ректор Вулнет Амети и поранешниот претседател на Сенатот Куштрим Ахмети, коишто сега само ги сменија местата.

Првиот, со години го држи во заложништво Тетовскиот универзитет, а вториот како претседател на Сенатот една година не презема никакви мерки за овие прекршувања иако има законска обврска. Јасно е зошто тој молчеше цела една година.

Во овие околности се поставуваат прашања, зошто министерот за образование молчи, зошто не потроши ниту една реченица за незаконитостите во ТУ, зошто не го ангажира инспекторатот за високо образование да ги констатира овие очигледни прекршувања на законот?

Овие постапки на министерот нé наведуваат на заклучок дека тој е дел од овие незаконитости. Прашање е дали тоа го прави сам или под раководство на заменик вицепремиерот Артан Груби? 

Дека ДУИ е посветена само на целосно уништување на овој Универзитет, покажува и вчерашната средба на министерот за образование. Тетовскиот Универзитет не е ниту на Али Ахмети, ниту на Артан Груби, ниту на Вулнет Амети, туку тој е универзитет на народот, а особено на студентите. Средбите на Шаќири, Ахмети и Груби со нелегалното раководство на ТУ се само тенденција за амнестија на Вулнет Амети и Куштрим Ахмети. По сите тие објавени скандали за непотизам, криминал и корупција, министерот и заменик премиерот треба да покренат казнени законски мерки, а не да се фотографираат со нив, пишува во соопштението на Алијанса за Албанците.

АА потенцира дека во Македонија како земја членка на НАТО, носителите на државните функции никако не смеат да се фотографираат со луѓе кои се извор на непотизам, криминал и корупција.

„Алијанса за Албанците никако не ја поддржува и нема да ја поддржи оваа политика на уништување на Универзитетот на Тетово, и иднината на народот. Алијанса за Албанците нема да биде пасивен набљудувач на овој хаос што му се случува на универзитетот. Свесни сме дека средбата беше во насока на предвремено унапредување на в.д. ректор во редовен професор, со цел да се продолжи заробувањето на ТУ од страна на Вулнет Амети. Но, ова е нелегално. Законот не дозволува такво нешто. Ние како Алијанса за Албанците, нема да дозволиме вакво нешто.

За оваа тенденција, за прикривање на криминалот-корупцијата и непотизмот, за намерата незаконски да се напредува в.д. ректорот во редовен професор, со цел универзитетот уште повеќе да биде заробен од Вулнет Амети, ќе ги алармираме претседателот на државата, амбасадорот на САД, ЕУ и сите европски амбасади во земјата.

Бараме премиерот Ковачевски и антикорупционерите да преземат итни законски мерки. Вулнет Амети треба да се држи настрана од универзитетот. Султанатите завршија. Оставките на министерот за образование и директорот на инспекторатот за високо образование би биле одраз на висок морален чин.
Досега како Алијанса за Албанците покажуваме конструктивност, и како опозиција гласавме за европскиот напредок на земјата. Борбата против криминалот, корупцијата и непотизмот е наша заедничка борба и заедничка цел заедно со нашите меѓународни партнери. Ова е нашиот услов“, порачува Алијанса за Албанците.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе