АА и Алтернатива: Мерката Србите да не плаќаат патарини значи покривање на срамот на Владата

Владата не стигна навремено да обезбеди вакцини против ковид-19 за граѓаните, а еден мал број вакцини обезбеди од Србија која ги отвори границите за државјаните на Северна Македонија да се вакцинираат, а сега ќе ги награди граѓаните на Србија ослободувајќи ги од патарините. Министерот за здравство, Венко Филипче, заедно со Владата, со широкоградостa кон граѓаните на Србија сака да го покрие срамот и неспособностa за ненавременото обезбедување на вакцини за да се спасат животи, се вели во реакцијата на коалицијата Алијанса за Албаците и Алтернатива.

„Од друга страна имаме многу села што се на самиот автопат и тие граѓани секој ден плаќаат патарини на наплатните места иако нивните села се наоѓаат на само 2-3 километри од наплатните пунктови.  Ја потсетуваме Владата на протестите на граѓаните од селото тетовско Седларце, кои со право протестираа барајќи ослободување од патарината, бидејќи нивното село се наоѓа на само 3 километри од наплатното место, а тие немаат алтернативен пат.

Слични случаи има и во регионот на Гостивар, Куманово, Скопје, Велес...

Неприфатливо е ова, на српските граѓани да им се овозможува бесплатно користење на автопатите на Северна Македонија во одреден период, додека на нашите иселеници им се наплатува на наплатните пунктови во евра по висок курс споредено со службениот. Имаме илјадници администратори од градовите на Тетово, Куманово, Гостивар, Велес и Кичево кои секојдневно патуваат за Скопје плаќајќи ги сите патарини по нашите автопати и за нив не постои никаква олеснителна мерка иако пред многу години Владата на Северна Македонија ги ослободи од патарини државните административни службеници. Ова е лажната широкоградост на министерот Филипче и на оваа Влада кои ги ограбуваат нивните граѓани, додека се претставуваат џентлмени пред српските граѓани“, соопшти АА и Алтернатива.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе