Соопштенија

Власта на СДСМ и ДУИ се наголемите непријатели на евроинтеграциите и европската иднина на Македонија. Тие се олицетворение на целиот криминал, корупција, неодговорност, башибозук и неспособност во државата. Ваквата власт на СДСМ и ДУИ ги осиромашува граѓаните, а за жал чини многу животи. Заради власта расте разочарувањето, апатијата и скептицизмот на народот кон членството во ЕУ, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

02 Декември 2021 - 08:57

Од вас очекуваме минимална коректност и да одговорите дали е валиден или не договорот потпишан меѓу нас, Алијанса за Албанците и Алтернатива? Ако не, тогаш не ни останува ништо друго освен да ви посакаме успех во вашиот пат, кој за нас е погрешен и сосема спротивен на вољата што ја изразија граѓаните кои гласаа за нашата коалиција, се вели во денешната реакција на Алијанса за Албанците по последната средба на Африм Гаши, претседателот на Алтернатива со претседателот на СДСМ Зоран Заев.

01 Декември 2021 - 21:52

Властите на централно и на локално ниво во изминатиов период, не постапуваа согласно донесените закони, така што се направени несогледливи негативни последици на природното и културното наследство на Охридскиот регион, оценува Левица.

01 Декември 2021 - 12:53

Срамно, десната рака на Христијан Мицкоски и докажан извор на лажни вести, Антонио Милошоски отишол во Вашингтон да лобира Северна Македонија да не започне преговори за членство во ЕУ. Наместо да бара ЕУ да донесе одлука што поскоро нашата држава да започне процес за преговори со Унијата, заслужени, за кои ги имаме исполнето сите услови, Милошоски го прави сосем спротивното, работи за блокада на евроинтеграциите, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавите на Милошоски.

30 Ноември 2021 - 14:15

„Каков дебакл - Стево Пендаровски си нарачал и со парите на граѓаните си платил, а со вработените од неговиот кабинет се фали дека бил човек од народот. Претседателскиот центар за политичка соработка, заедно со граѓанско здружение, изработил анкета со која со народни пари, Стево Пендаровски се фали сам себе“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешното објавување на Анализата за јавното мислење за политичките барања на граѓаните испратена од кабинетот на шефот на државата.

30 Ноември 2021 - 11:44

Директорот на ФЗОМ од редовите на СДСМ, Стево Крстевски, согласно неговиот јавно објавен анкетен лист поседува личен имот, кој вклучува станови, удели, депозити, куќа и тоа во вкупна вредност од околу 16 милиони денари, несметајќи го и дополнителниот имот на неговиот брачен другар, кој исто така воопшто не е за потценување. Најголем дел од имотот е стекнат за време на владеењето токму на СДСМ, соопшти Левица.

30 Ноември 2021 - 11:23

Нема поголема антиевропска кампања од тоа ДУИ да е за Европа. Нема поголема антиевропска кампања од тоа ДУИ да е за Европа. По што е европска ДУИ? Дали ДУИ е европска по Бекир Асани кој сред бел ден во центарот на Скопје тепаше полицајка пред очите на голем број очевидци, за после да се врши притисок врз жената да каже дека не ја тепал, туку се удрила во пајак. Се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната конференција за медиумите на Бујар Османи.

28 Ноември 2021 - 16:37

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ работат и ги решаваат проблемите на граѓаните, СДСМ создаваше проблеми. За неполн месец колку што се градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ на чело на општините се откочија голем број на проекти и работи кои СДСМ не можеа да ги реализираат цел мандат. Четири години додека беа тие ништо не се работеше и тоа е факт кој граѓаните го гледаа, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на сопштението на СДСМ.

28 Ноември 2021 - 13:20

Димитар Ковачевски е копија на Заев, син на транзициски функционер - градоначалник на Куманово.Ковачевски е заменик министер за финансии кога јавниот долг отиде на 7 милијарди евра. На Ковачевски во финансии му се случи и досега најголема инфлација и економска криза како што не се памети од транзицијата, кога неговиот татко беше функционер, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

28 Ноември 2021 - 09:34

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател кои ќе се одржат на 12 декември.

27 Ноември 2021 - 16:16

СДСМ ја води државата во енергетска криза. 16 милиони евра платила државата за кражбата на струја од европската мрежа за само еден месец, дополнително се реализирани сет на купувања на струја од над 11 милиони евра и уште едно десетдневно резервирање од 12 милиони евра. Цената по која власта купува сега струја е и над 250 евра по мегават. Тоа е и над 5 пати од производствената цена на струјата во РЕК Битола или другите домашни капацитети, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

27 Ноември 2021 - 09:17

Трагедиите во нашата држава се множат, а во позадината на секоја трагедија се кријат злоупотреби, криминал и корупција, реагира Алијанса за Албанците во врска со автобуската несреќа во Бугарија во која животот го загубија 45 лица. Како и за несреќата кај Ласкарци, или за пожарот во модуларната болница во Тетово, така и сега нема одговорност од надлежни функционери, смета партијата.

26 Ноември 2021 - 15:02

Министерството за образование и наука ги известува сите ученици и студенти кои се нови добитници на стипендија, односно ова право го имаат остварено на конкурсите за доделување на стипендии за учебната/академската 2021-2022 година дека писарницата во рамки на институцијата ќе работи и во текот на утрешниот ден, сабота, од 9 до 16 часот и ќе можат да се доставуваат потребните документи.

26 Ноември 2021 - 11:24

Спасовски и Бочварски треба веднаш да поднесат оставки. Три дена по несреќата не се знае кој се е починат, а кој преживеан. Автобусот на „Беса транс“ немал потребна документација, поминал царина, поминувал полициски контроли, инспекторати и бил пропуштен во меѓународен сообраќај, не еднаш - неколку пати. И ниту Оливер Спасовски, ниту Бочварски не наоѓаат вина кај себе, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

26 Ноември 2021 - 09:00

Љупчо Николовски треба да одговори зошто како вицепремиер одговорен за борба против корупција уште не истражил и нема разрешница за тоа како Вице Заев исчезна од кривична пријава за рекет во РЕК, зошто Вице не е повикан во ЈО, но и зошто случајот стои замрзнат? Кога ќе одговори за Вице, нека каже и зошто Ден Дончев наместо на истражна клупа се наоѓа на слобода? Но и до каде се случаите со Драги Рашковски кој беше фатен инфлагранти во криминал и местење на тендери, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Николовски.

22 Ноември 2021 - 14:37

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе