АМСМ

Сообраќајот по патиштата се одвива по влажни коловози

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На магистралниот пат А2 Кичево – Охрид (на потег од Пресека до с.Песочан) од 02.11.2019 г. поради изведување градежни работи (асфалтирање) наместа сообраќајот ќе се одвива со девиjации (односно преминување од една во друга коловозна лента) за што ќе биде поставена соодветна соообраќајна сигнализација. Работите ќе се изведуваат во наредните 10 дена. 

Од “Виадукт Трејд“ – Гостивар известуваат дека од 25.10.2019 год. се изведуваат градежни активности за подобрување на црна точка на дел од регионален пат Р1201, делница Струга – Дебар, населено место Враништа, за што има промена на режимот на сообраќај.

Исто така од 25.10.2019 се изведуваат градежни активности за подобрување на црна точка на дел од регионален пат Р1301, делница Охрид – Св.Наум, за што има промена на режимот на сообраќај.

На магистралниот пат А1, делница Демир Капија – Смоквица, поради изведба на осветлување и сигнализација на тунелите Демир Капија 1 и Демир Капија 2, ќе има времена  измена на режимот на сообраќајот. Сообраќајните знаци за изменет режим на сообраќајот се поставени од 17.10.2019 година, а предметната сообраќајна согласност е со рок на важност од 3 (три) месеци. 

Од 09.10.2019 (среда) на регионалниот патен правец Р2239 на делницата с. Бродец – с. Танушевци, во периодот од 08:00 ч. – 17:00 ч.

се изведуваат градежни работи на пат (асфалтирање) и сообраќајот ќе биде со повремени прекини. Се молат учесниците во сообраќајот на трпеливост и крајна внимателност на оваа делница се до завршување на градежните активности. 

На ден 08.10.2019 започнаа градежни активности за подобрување на црна точка на дел од регионален пат Р1306, Мало Коњари, делница Прилеп Крушево Сладуево, во времетраење од 30 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај. 

Виадукт трејд – ДООЕЛ известува дека од 04.10.2019 ќе се започне со изведување  градежни активности при рехабилитација на магистрален пат А2, делница Гостивар – Кичево на потег од наплатна станица Гостивар до мост кај с.Здуње во времетраење од 60 (шеесет) дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

На регионалниот пат Р-2249 (Мелнички мост – Центар Жупа) делница Брештани – Житинани од 02.10.2019 година поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот повремено (од 20 до 30 минути) ќе биде во прекин. Работите се изведуваат од 09:00 до 17:00 часот. На местото на кое  се изведуваат градежните работи има поставена соодветна сообраќајна сигнализација. 

17.09.2019 година  Фабрика Карпош – АД Скопје  известува дека поради градежни активности на магистралниот пат А3, делница Прилеп – Битола кај ТИРЗ Прилеп ќе се изврши пренасочување на сообраќајот на регионалниот пат во траење од три месеци 

Друштвото Асфалт Дооел Скопје известува дека поради изведување градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Демир Капија во периодот  03.09.2019 до 02.03.2020 на магистралниот пат А1 делница Неготино – Гевгелија, наплатна станица Демир Капија, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобрениото за времен режим на сообраќај бр.11-уп-128/4 од 03.09.2019 издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија. 

Штрабаг АГ известува дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип – Радовиш. Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Од 19.06.2019 се изведуваат градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосницата Другово, на  магистрален пат А2, делница Кичево – Охрид, за што има промена на режимот на сообраќај, во времетраење од 6 месеци.

Виадукт трејд од 22.05.2019 г. изведуваат градежни работи на магистрален пат А3, делница Велес Штип при поставување на електрично осветлување на крстосница Овче Поле во времетраење од 6 (шест) месеци, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Г. П. Илинден – Струга известува дека од 12.04.2019 поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с. Подмоље – Струга има времен режим на сообраќајот. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Ескаватори Мк известуваат дека поради рехабилитација на регионален пат Р1204, делница Куманово – Свети Николе Л=32 км од 28.03.2019 година има одобрен времен режим на сообраќај.

Од 21.03.2019 (четврток) на регионалниот патен правец Р1103 Неготино – Лакавица се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с. Пепелиште. Сообраќајот се пренасочува по земјениот пат с. Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место e поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.

Штрабаг врши целосна реконструкција на патниот правец Тетово – Попова Шапка, која ќе трае до крајот на 2019 год.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе