Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози

Поради изведување на градежни работи (рехабилитација на асфалтот) на патниот правец А2 Кичево – Охрид (помеѓу планинскиот превој Пресека и с.Песочан) од 02.04.2019 сообраќајот ке се одвива под посебен режим т.е. преминување од една во друга коловозна лента. На местата на изведување на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради рехабилитација на регионален пат Р1204, делница Куманово- Свети Николе Л=32 км од ден 28.03.2019 год ќе има одобрен времен режим на сообраќај.

 На 04.04.2019 година од 11:30 часот поради оштетување на мостот во с.Ваташа на регионалниот пат „Кавадарци – с.Мрежичко" воведена е забрана за ТМВ.

 Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Патниот правец Р2332 Охрид-Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2018 е затворен за сообраќај за сите видови возила. Се очекува да биде отворен на 01.05.2019 год.

Од 21.03.2019 (четврток) на регионалниот патен правец Р1103 Неготино – Лакавица се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с. Пепелиште. Сообраќајот се пренасочува по земјениот пат с. Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место e поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.

 

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе