Сончево со услови за локална нестабилност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од источен правец.

Попладне во јужните делови ќе има локална појава на пороен дожд и ретки грмежи. Максималните дневни температури ќе се движат од 20 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје максималната дневна температура ќе биде 26 степени, во Крива Паланка 23, Маврово 18, Охрид 23, Битола 24, Дојран 23, Кавадарци 24, Берово 20...

Утре и задутре времето на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови од земјава. За време на викендот ќе биде претежно стабилно и потопло, во југоисточните делови со температура и над 30 степени, прогнозира УХМР.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе