четврток, 25 април 2024
Време

Сончево со температури до 29 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 22 до 29 Целзиусови степени.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од УХМР, во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 28 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево и топло време со појава на повремена умерена облачност. Во недела на повеќе места ќе дува умерен до засилен северен ветер. Промена на времето со локални врнежи од дожд се очекува кон средината на следната седмица

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ