петок, 29 март 2024
Временска прогноза

Сончево и топло време со мала локална облачност и слаб до умерен ветер

Објавено на

часот

Сподели

Утрово најсвежо е во Лазарополе, седум степени, а максимални 20 степени се измерени во Гевгелија.

Како што соопшти УХМР, 8 степени е на Попова Шапка, 9 во Берово, 10 во Крива Паланка и Маврови Анови, 11 во Крушево и Битола, 12 во Тетово, 13 во Скопје – Петровец, Прилеп, Охрид и Претор, 14 во Куманово, Демир Капија, Дебар, Струмица и Штип, 15 во Виница, Кавадарци и Велес, како и 16 степени во Скопје – Зајчев Рид. 

Времето во текот на денот ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината краткотрајно ќе засилува. Максималната температура ќе достигне 32 степена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ