Време

Сончево и топло, попладне краткотрајни локални врнежи

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и југоисточните делови, каде е можно процесите краткотрајно да бидат поинтензивни.

Минималната температура ќе се движи од 10 до 16, а максималната од 25 до 32  Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

И во скопската котлина попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 14 до 30 степени.

Во наредните денови во претпладневните часови ќе се задржи сончево и топло, а попладне ќе има локализирана појава на пороен дожд и грмежи. Температурите нема многу да се менуваат, а ветерот ќе биде претежно северен. Нешто понестабилен период се очекува кон крајот на работната седмица.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе