Сочувство од Иванов до белгискиот крал Филип

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод терористичките напади во Брисел упати сочуство до Кралот на Белгијците, Н.В. Филип.

Во продолжение во целост ви го пренесуваме писмото.

„Со длабока загриженост ја примив веста за грозоморните напади во Брисел.

Во овие мигови на длабока тага, дозволете ми во име на граѓаните на Република Македонија, да изразам искрено сочувство и да Ве поддржам и охрабрам во истрајноста и решителноста во борбата со тероризмот, насилството и злосторничките акти, без разлика од каде и од што се мотивирани.

Најостро го осудувам овој терористички напад и ја споделувам големата болка за трагичната загуба во кукавичкиот акт. Ве молам, изразите на длабоко сочувство и нашата солидарност да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите“.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе