Хелсиншки комитет обвинува

Граѓаните четири месеци немаат правен механизам за заштита на нивните права

Хелсиншкиот комитет за човекови права го повика Собранието да појасни зошто без образложение го поништил огласот за избор на членови на Комисијата за заштита од дискриминација и да даде објаснување зошто граѓаните 4 месеци го немаат на располагање правниот механизам за заштита на нивните права.

„На седницата одржана на 12 декември 2019 година, Собранието на Република Северна Македонија, без образложување на причините за поништување на огласот за избор на членови на Комисијата за заштита од дискриминација, на нетранспарентен начин, одлучи повторно да го објави огласот. Собранието ниту еднаш, и покрај бројните пропусти при објавувањето на првиот оглас, не излезе со објаснување зошто граѓаните веќе четири месеци го немаат на располагање овој механизам за заштита на нивните права. Го повикуваме Собранието јавно да ги образложи причините за поништувањето на огласот за избор на членовите на Комисијата за заштита од дискриминација", реагираат од Хелсиншкиот кометет за човекови права.

Од таму испратија апел до Собранието во најбрз можен рок и пред најавеното распуштање да го спроведе изборот на членовите на Комисијата за заштита од дискриминација на транспарентен начин и водејќи сметка за квалитетот на избраните кандидати.

„Обврската составот на ова тело да го одразува составот на општеството во целина, не смее да остане само декларативна, туку реална цел на Собранието бидејќи во спротивно, ќе се компромитира целта на ова тело како гарант за еднаквоста на сите граѓани. Потребно е да се изберат професионални и независни кандидати и кандидати кои на ниту еден начин не се поврзани со политичките партии. Притоа етничката припадност не смее да биде единствен критериум, особено нејзиното тесно разбирање како распределба на позициите помеѓу Македонците и Албанците. Неопходно е да се води сметка за родовата еднаквост и да се вклучат претставници на маргинализираните заедници (Роми, лица со попреченост, ЛГБТИ и други)", дополнуваат од таму.

„Транспарентноста и јавноста на изборот на членовите на Комисијата значи јавно објавување на документите на сите кандидати, јавна расправа за изборот иучество на здруженијата на граѓани по примерот на изборот на Комисијата за спречување на корупцијата. По изборот на комисионерите, тие ќе треба да основаат стручна служба, да обезбедат соодветни простории за работа и да ги донесат подзаконските акти предвидени со Законот. Овој процес ќе одземе многу време, што е дополнителна причина за Собранието да го забрза изборот на членови", се вели во соопштението на Хелсиншкиот комитет.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе