Снежна лавина кај манастирот Бигорски, патот Маврово- Дебар целосно во прекин

Собраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На повисоките места има остатоци од кашаст снег, по интервенција на дежурните служби. Снег врне во Крива Паланка, Страцин, Попова Шапка, Павлешници и Кула.

Поради снежна лавина кај манастирот Бигорски патниот правец Маврово- Дебар целосно е во прекин од 6 часот, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Оттаму информираат дека има  престанок на важноста на забраната за тешки моторни  возила(ТМВ) на Ѓавато, нормализиран е сообраќајот од 7часот. Престанок на важноста на забраната зa TMВ на Пресека, нормализиран е сообраќајот од 9ч.Во 9.25 часот престанува забраната за движење на ТМВ на патниот правец Ресен-Охрид преку превојот Буково.

Забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на патните правци Струга - г.п. Ќафасан, Струга - Дебар, крак Маврово - Дебар, крак Стража - село Колари - Кичево. На патниот правец Тетово - Попова Шапка има забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси, соопштија од АМСМ.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе