Снегот го отежна сообраќајот, на дел од патиштата има забрани за камиони

Студениот бран со врнежи од снег што ја зафати Македонија го отежна одвивањето на сообраќајот, но засега без застои и посериозни проблеми. На Меѓународниот аеродром Скопје се реализираат предвидените полетувања и слетувања, а со вообичаено доцнење за зимски услови се одвиваат железничкиот и патниот сообраќај.

На државните патишта сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.  Врнежи на снег со променлив интензитет има на целата територија на  Македонија, исто така поради ниските температури можна е и појава на голомразица, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека, планинските премини Ѓавато и Буково, Струга – граничен премин Ќафасан, патот Прилеп-Мак.Брод на планинскиот премин „Барбарос“ како и на патниот праевец Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири).

Сообраќајот на патниот правец Велес-Штип, кој претходно се одвиваше отежнато и беше забранет за сообраќање на тешки товарни возила, е нормализиран.

Дирекцијата за заштита и спасување вчера апелираше до градоначалниците и општините да ги преземат сите неопходни мерки за расчистување на снегот и снежните наноси, заради нормално одвивање на сообраќајот и заштита на населението согласно обврските од Законот за заштита и спасување.

Според најавата на УХМР, врнежите од снег од попладне ќе засилуваат, особено во западните и северните делови на Македонија, каде снежната покривка дополнително ќе се зголеми за 10 до 20 сантиметри, а на планините и над 20 сантиметри. На крајниот југоисток врнежите ќе бидат мешани од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од -2 до 3 степени.

Од утре до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе