Основен суд Скопје 1

Случај „Монструм“, јавноста за прв пат денес ќе чуе исказ на заштитен сведок

Со сослушување на заштитен сведок денес продолжува судењето за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковските езера. Денес за прв пат и јавноста ќе има можност да слушне исказ на заштитен сведок. Минатото рочиште беше одложено поради немање на технички услови за сослушување на заштитениот сведок. 

Дозволата рочиштето да се отвори за јавноста следеше откако медиумите, а и роднините на убиените момчиња и рибарот се побунија дека овој исказ не е таен, туку таен е само идентитетот на лицето кое ќе сведочи. Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека се согласува и јавноста да влезе во судница, а на ваквиот предлог не се противеше ниту одбраната. По ова судијата Огнен Ставрев рече дека и новинарите може да присуствуваат на сослушувањето на заштитениот сведок за случајот „Монструм".

Родителите на убиените момчиња побараа од судијата Ставрев да има јавност во судницата и на рочиштето кога ќе се слушаат „бомбите" за овој предмет.

Судијата Ставрев рече дека судот одлука ќе донесе кога ќе дојде ред да се слушаат прислушуваните разговори и за „Монструм" определи уште два датуми за судење, односно 22 и 24 август.

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе

Тесла преку проектот Варденклиф покажал дека енергетските ресурси се неограничени.

повеќе