Слаб одзив на протестот против загадувањето на воздухот пред Влада

Со транспаренти на кои пишува „Вие и вашите деца дишете друг воздух?! " , „Сакам да дишам", „Чист воздух – здрави деца", граѓани организирани преку Фејсбук излегоа денеска напладне пред Владата за да го искажат својот револт од енормното загадување на воздухот. Иако повикуваа на масовност, на повикот за протест се одзваа многу мал број на граѓани. 

Воздухот во Скопје и во неколку други градови речиси секојдневно е загаден над дозволеното. Во главниот град беа активирани и мерки за ублажување на последиците од аерозагадувањето.

Британската влада во 2000 година ни подарила согорувач за медицински отпад, кој не ги задоволува ЕУ-стандардите и не дава заштита од отровите при согорувањето. Овој согорувач не ги филтрира гасовите и токсините, кои предизвикуваат рак и многубројни други нарушувања", пишуваше во повикот за протестот на социјалната мрежа Фејсбук.

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе