Со нов протокол за движење

Зоолошката градина од утре се отвора за посетители

Посетителите од утре повторно ќе можат да се дружат и да уживаат со животните во Зоолошката градина во Скопје. Зоолошка градина Скопје ќе биде отворена од утре од 9:00 часот, но поради ситуацијата со ковид-19 има нов протокол за движење и придржување кон мерките.

Посетителите при влез во Зоо Скопје ќе треба да носат маска или марама, ред ќе се чека на растојание од 1,5 м кое е уредно обележано. Строго е забрането хранење и доближување до животните. Отпадоците мора да се фрлаат во корпите. Не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта. Низ Зоолошката градина, посетителите ќе мора да држат дистанца од другите посетители.

Од скопската Зоолошка градина информираат дека бројот на посетители ќе биде ограничен, за во одреден момент да не се создава поголема гужва низ градината.

 

Албанскaта политичка и научна јавност имаат објективен пристап и разбирање дека прашањата што се на масата за разговори со Бугарија не се воопшто лесни за решавање.

повеќе

Половични регионални форми на соработка и здружување се опасни за Македонија.

повеќе

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе